Билд: Карантинот во Германија ќе потрае до Велигден

Билд ја објави веста под наслов: „Шокантно соопштение на канцеларката“.

Меркел предупредила на експлозија на бројот на инфекции со мутираниот вирус, кој дошол од Велика Британија.

„Ако не успееме да го запреме овој британски вирус, до Велигден ќе имаме десет пати поголема инциденца“, рече Меркел, тврди Билд, повикувајќи се на изјави на учесниците на состанокот.

„Билд“ наведува дека Меркел постојано нагласувала дека нема гаранција дека мерките ќе бидат ублажени до крајот на јануари и дека целта на мерките е да се намали инциденцата на 50 заразени на 100.000 жители за седум дена, бидејќи само тогаш ќе биде можно да се следат контактите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија