На жителите на Германија им се заканува нов недостиг. Овој пат не се работи за недостиг на храна или некои други производи, туку за недостиг на пари – поточно готовина.
Колку повеќе станува дигитализиран финансискиот свет, толку покомплексни се опасностите за вашите пари. Измамниците на различни начини се обидуваат да украдат туѓи пари. Но, опасноста за парите не постои само за парите во дигитална форма, туку и во физичка форма. Поточно, во Германија се повеќе банкомати се под напад на разбојници.
Повеќе експлозии на банкомати
Тагесшау објави дека во 2022 година, статистички гледано, секој ден по еден банкомат бил цел на напад.
Според полициските власти, повеќе од 390 експлозии биле избројани низ Германија во 2021 година.
За да украдат од 50.000 до 100.000 евра, во зависност од банкоматот, сторителите користеле силни експлозивни направи. Не е невообичаено да се појават повреди при експлозија.
Ноќе, банкоматот не работи
И затоа првите банки сега ги затвораат вратите навечер: на многу места Комерцбанка веќе не им нуди на клиентите пристап до филијали и банкомати меѓу 23:00 и 6:00 часот.
Ова не само што треба да ги заштити самите банкомати, туку и експозитурите и потенцијалните други посетители.
Шпаркасе, кој веќе ги затвори филијалите за самопослужување во областа Минхен поради голем проблем со експлозија на банкомати, го прави истото како и своите конкуренти.
Што значи ова за клиентите?
Ако итно ви треба готовина, често можете да подигнете пари на бензински пумпи или супермаркети користејќи т.н. услуга за враќање на готовина. Сепак, среде ноќ, тие опции веројатно нема да бидат можни.
Во тој случај, мора да се прибегне кон достапните банкомати, кои обично се наоѓаат на прометни улици или на големи плоштади. Овде, сепак, во пракса мора да се плати прилично висока провизија.
Банките исто така одлучија да отстранат илјадници банкомати низ Германија. Поради тоа, Бундесбанката стана загрижена за снабдувањето со готовина.
Германските медиуми јавуваат дека Владата се заканува да донесе закон за банкомати, за сите граѓани да имаат пристап до пари.
Важна промена за корисниците
Конкретно во руралните средини, филијалите на Шпаркасе и Фолксбанк воведуваат работно време, што значи дека повеќе не можете да подигате пари од банкомати помеѓу 23:00 и 06:00 часот.
Оваа мерка ја спроведоа и Комерцбанк, Тарго-банк и Дојче банк, особено во руралните области.
Одговорните не гледаат голема штета во намаленото работно време: и онака многу малку готовина би се подигнала ноќе.