Наскоро можно ограничување на брзината на автопат во Германија на 120км/ч

Германската Федерална агенција за животна средина (UBA) покажа дека Германија би можела да ги намали вкупните емисии на јаглерод диоксид (CO2) од патничките автомобили и помалите комерцијални возила за околу 6,7 милиони тони годишно доколку воведе ограничување на брзината од 120 километри на час на автопатите када во моментот нема ограничување на брзината.

Routers наведува дека Германија има за цел целосно да ја елиминира употребата на CO2 до 2045 година, а резултатите од ова истражување го зголемуваат притисокот врз Министерството за транспорт да ја зајакне програмата за намалување на CO2 во транспортниот сектор, за која се смета дека е најбавeн во намалувањето на емисии на CO2.

За да се постигне целта за намалување на ефектот на стаклена градина  во 2022 година, емисиите на CO2 во транспортниот сектор не смеат да надминат 138,7 милиони тони, наведува Routers.

Инаку UBA во март, односно веќе од овој месец ќе објави дали транспортниот сектор ја постигнал таа цел.

Во 2021 година транспортниот сектор испуштил околу 148 милиони тони гас CO2, што ја надминува посакуваната бројка за околу 3 милиони тони, а Министерството за транспорт вели дека со неговата програма ќе се намалат емисиите за околу 13 милиони тони во наредните години.

Routers објави дека еколозите велат дека програмата не оди доволно далеку и ја повикуваат владата да воведе ограничување на брзината на автопатите, додека некои активисти кои лепат на патиштата во Берлин и други градови во знак на протест, барања за исто ограничување.

Германската владејачка коалиција не успеа да постигне договор за ограничувањата на брзината, поради противењето на либералните Слободни демократи (FDP).

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија