Квартовски späti: Невообичаени продавници во кои Германците се дружат со пиво до рано наутро

Она што кај нас се киосци и мали маалски дуќанчиња пред кои во лето се собира екипа да се забавува со пијалоци, а празни шишиња и лименки неуморно се редат по скалите, во Берлин е „späti“ или „spätkauf“, или „ доцна продавница“ која работи и откако другите ќе се затворат.

Некои продавници се отворени и 0-24, што е корисно кога ви требаат цигари, мали грицки за евро или две, како и вегбиери – пиво што се пие на пат кон дома, клуб или само така, на улица.

Пред пандемијата, spätkauf беше омилено место за собирање на туристите, но коронавирусот ги промени навиките на жителите на Берлин. Во малите продавници кои работат до доцна во ноќта, најдоа замена за кафулињата или клубовите што ги посетуваа. Исто како и француските пекари и продавниците за сирење и вино, германските späti постепено станаа нова енергија на општествениот живот во Германија.

Илјадници такви продавници се расфрлани низ центарот на Берлин, а речиси и да нема голема улица каде што нема да наидете на шпати.

Тешко е да се поверува како толку многу продавници со слични производи воопшто можат да опстанат во иста населба, но една причина за тоа се сопствениците кои ги чуваат.

Претежно имигранти, кои го прават секој шпат посебен. Додека во турските продавници можете да најдете газирани лимонади, пијалоци на база на јогурт, други можат да бидат украсени со диско топки или фотографии од музичари.

Во зависност од тоа кој пат ќе ве однесе, можете да наидете на берлински драг кралици, гласно техно или џез. Понекогаш музиката е толку гласна што практично треба да се надвикувате со продавачот за цената.

Многу жители не кријат дека овие мали берлински светилишта им дозволија да останат нормални во време кога општествениот живот на градските улици почна да бледнее. Некои продавници за време на пандемијата почнаа да работат подобро од порано, особено оние лоцирани недалеку од парковите каде што стотици луѓе се собираат во потрага по алтернативни места за дружење по затворањето на нивните омилени клубови. Хазенхајде, парк помеѓу областите Нојкелн и Кројцберг, беше познат по нелегалните техно забави минатата година – таму се собираа до 5.000 луѓе неколку вечери, а блиските шпати многу профитираа.

Претходниците на „доцните продавници“ во Берлин настанале во 1950 година кога „spätverkaufsstellen“ им служела на ноќните работници по завршувањето на нивните смени во Источна Германија.

Повеќе од стотина такви продавници биле расфрлани во Берлин пред падот на Ѕидот, но само на исток. На Запад, оние што барале пиво или цигари оделе на бензински пумпи. Откако градот бил обединет, модерните шпати почнаа да се појавуваат насекаде и денес претставуваат едно од деловите од сложувалката што го прават Берлин уникатен град.


За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија