Македонците се почесто добиваат работни визи за Германија, дел од нив вадат бугарски пасош живеат и заработуваат таму. Ова е исповед на Горан, млад дечко кој оснивал фамилија во Македонија, но сопругата невработена, а неговата плата не е доволна, па мора да работи во странство и да доаѓа викенди во Македонија да биде со семејството.
Неговата исповед е во врска со неодамнешно вработување кое го имал кај друг нашинец кој таму живее повеќе години.
-Се пријавив на оглас за вработување во голем ланец на маркети во Минхен, Германија. Работата ми беше во магацин, утовар и истовар најчесто со вилушкар. Платата беше солидна, но нормално секогаш кога веќе ќе влезеш во системот бараш подобро работно место во општеството. Јас бев таму со бугарски пасош, како и многу македонци кои работеа во Германија. Создаваш таму и круг на пријатели, правевме и македонска вечер каде се собиравме сите, се дружевме, разменувавме искуства, доколку имаше подобро работно место кај некој од работодавците, ќе си понудевме меѓусебно, со еден збор таму маката не натера да станеме фамилија.
Во нашето друштво се приклучи и еден Македонец кој беше поодамна таму и веќе се имаше добро снајдено во општеството.
Живеел таму 25 години и веќе имаше своја фирма, која работи добро и профитабилно. Почнал како мајстор чиј тим се проширува и проширувал, а сега станал работодавач и има 60тина вработени алат и механизација а неговата фирма е подизведувач на повеќе големи германски фирми. Така една вечер додека моабетевме не понуди доколку сакаме да работиме кај него тој постојано го проширува тимот и ќе обезбеди повисока плата отколку работните места кои сега ги имаме.
Некои се насмеаа, затоа што веќе беа снајдени и на добри позиции но јас и цимерот мој кои бевме сеуште на првите работни места сериозно размисливме за понудата која ни ја даде пријателот. После некое време, ја прифативме понудата и се префрливме кај пријателот. Платата беше повиоска, работев како изведувач на градежи работи, односно конретно монтер на ПВЦ врати и прозорци. Се беше во ред со работното место. Навистина Германија е ладна во зимски услови и тоа знае да биде проблем на работното место, но сепак навистина е добро платено. По неколку месеци дојдоа и првите проблеми, побарав слободен ден сакав да дојдам за Македонија да си го видам семејството, сопругата и двете дечиња.
Големиот газда ми рече дека се брзало со објектите и дека не е во можност да ми одобри ден поради тие причини. Не беше проблем имав разбирање, нормално доколку е загуба за фирмата ќе жртвуваме неколку денови. Се договоривме тој да ме извести кога ќе има помалку работа, за да може да се постигне. Почнав да работам и прекувремено за да опфатам повеќе објекти и порано да ми го даде потребниот одмор.
Поминаа уште два месеци но на сопствеников нити да му текне. Почнавме со пријателот на една од македонските собиранки да го задеваме да се шалиме и на шала на смеа да извлечеме неколку денови одмор зошто беа поминале повеќе од 5 месеци, без слободен ден, односно само со недела како ден за одмор. Во манир на прав македонски газда иронично не нападна и ни врати. Сите беа зачудени на вечерата, не навреди дека сме биле мрзливи работници и дека со таков однос, тешко дека ќе сме станеле успешни како него. Ние се обидовме да објасниме дека само сакаме да си ја видиме фамилијата но се беше залудно.
Работата наша се претвори во вистински кошмар по ова. Почнаа уште повеќе објекти и притисоци, денови од одмор воопшто немаше ни намера да ни даде, за празници не повикуваше на работа, ни наоѓаше гршки во работата и почна да ни крати плата. Вќе не се појави на вечерата на нашите последен пат, кога не викна во канцеларија не навредуваше дека сите македонци сме биле исти и сме сакале полсено да заработиме. Пријателот со кој заедно влеговме на работа се разболе и за таа недела дена боледување не зема нити еден денар а и здравственото осигурување што ни го плаќа испадна дека е најниското, за кое не ни следеа многу здравствени услуги тука.
Сума сумарум, овој македонски газда си ги имаше задржано македонските манири, ние го извлековме подебелиот крај, одработивме тешки 12 месеци, по што, веќе не го продолживме договорот. Следеа многу препирки со него кои се разрешија по што можевме да продолжиме да работиме и да живееме слободно. Сега работам како молер и можам да ви кажа према тоа што го доживеав кај македонецов оваа работа е прекрасна. Фамилијата моја доби документи дојдовме тука да живееме сите, а за сопругата најдов работа кај друг македонец, по што искрено ја одбив, сепак е ова Германија и има работа на претек.