Нудат плата до 6.000 евра во Австрија – никој не се пријавува за работа

На Австрија и недостасуваат работници во скијачките центри, особено по воведувањето на строгите епидемиолошки мерки.

Питер Мајер, сопственик на агенција за вработување, тврди дека зимскиот туризам страда од недостиг на работна сила.

„Има компании во Ишгл, Зелден или Кицбил кои плаќаат од 4.500 до 6.000 евра за добар готвач кој течно зборува германски“, вели Мајер.

Додека бројот на резервации полека се зголемува, бројот на вработени во скијачките центри паѓа. Ова го загрижува Томас Гајгер, директор на туристичкиот сектор во Тиролската стопанска комора.

„Предизвикот за компаниите кои бараат доволен број вработени е подраматичен од кога било. Во моментов, само службата за вработување има речиси 4.500 слободни работни места. Во реалноста, сепак, реалната потреба за вработени е многу поголема“, вели тој.

Во моментов нема молба за работа ниту од Германија, посочува тој.

„Многу вработени на неопределено, исто така, ја напуштија индустријата поради недостаток на безбедност. Постојаното отворање и затворање е отров за индустријата“, рече Гајгер.

Пред пандемијата, келнерите можеа за само еден ден да заработат 3.000-4.000 евра само од бакшиш, потсетува тој.