Македонија од 16.01. 2022 година е повторно област со висок ризик на Ковид-19!
Сојузната влада почнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.), Македонија ја клафицираше како област со висок ризик на инфекција со Ковид-19. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.
Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители.
Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.
ВАЖНО!!! Германија ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА). Список на вакцините