Најново: олеснети ковид-правилата за влез во Германија

За патниците кои доаѓаат од странство, влезот во Германија од денес ќе биде олеснет – ниедна држава нема да има статус на корона-ризична област со обврски како задолжителен карантин.

Како што соопшти Институтт Роберт Кох, од денес (03.03.2022) влегуваат во сила измени на правилата за влез во земјата. Според нив, за  корона-високоризични области  во иднина ќе се сметаат само  регионите во кои циркулираат вирусни соеви со позагрижувачки карактеристики отколку во Германија доминантната Омикрон варијанта.

Германското министерство за здравство денеска истакна дека и натаму за сите патници при влезот останува во важност правилото 3Г – оној кој не е вакциниран или прележан, треба да приложи негативен тест на коронавирус. Оваа обврска важи за сите на возраст над дванаесет години.

Меѓутоа, од Институтот Роберт Кох го подвлекуваат тоа што новите  правила за патување  од корона-ризични области можат краткорочно да претрпат промена.

До денеска на листата на ковид-ризични области беа околу 60 држави, за луѓето кои доаѓаа оттаму, доколку не се вакцинирани или прележани, важеше десетдневен задолжителен карантин по влезот, со можност тој да се прекине по пет дена со доказ во вид на негативен корона-тест.

Олеснување настапува и за семејствата со деца: оние под дванаесет години можат директно да избегнат карантин преку тестирање, освен децата кои доаѓаат од области во кои курсираат вирусни варијанти, а моментно таа листа е празна – ниедна земја во Германија не е оквалификувана за регион со опасна варијанта на Ковид-19. 

Извор: Dw.com

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија