Поради тажен лебед запреа возовите во Германија

Лебед во жалост по својот партнер на шините на германската железница запре 23 возови повеќе од еден час се додека пожарникарите не го отстранија со специјална опрема, соопшти полицијата.

Двете птици залутале на пругите за брзи возови меѓу Касел и Гетинген во централна Германија, соопшти полицијата од Касел.

Една од птиците починала, најверојатно откако се заглавила во каблите за напојување.

Вториот лебед потоа легнал покрај трупот на својот партнер и не сакал да се помрдне и покрај обидите на полицајците, поради што сообраќајот бил привремено запрен, пренесува агенцијата Франс прес.

Подоцна биле повикани пожарникари со специјална опрема кои успеале да го извадат мртвиот лебед и неговиот придружник.

Поради операцијата, 23 возови доцнеле околу 50 минути, се вели во соопштението. Преживеаниот лебед не бил повреден и подоцна бил пуштен во реката Фулда, додава полицијата.

Според британското кралско друштво за заштита на птици, лебедите цел живот имаат само еден партнер.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија