Постапка за закажување термин кај ВИЗАМЕТРИК

Важна напомена за закажување на термин и аплицирање за виза според регулативата Западен Балкан

Имате можност да ја забрзате процедурата за виза обезбедувајќи првична согласност: Вашиот иден работодавач треба да аплицира за соглaсност од Федералната Агенција за Вработување пред да закажете термин за виза. Откако вашиот иден работодавач ќе обезбеди првична согласност од страна на Федералната Агенција за Вработување, може да закажете термин и аплицирате за виза прикажувајќи ја првичната согласност.

Ви предлагаме да ги проверите документите детално и да го поднесете вашето барање за виза со сите потребни документи на денот на вашиот термин. 

Термин се закажува на следниов линк:


Формулар за барање

Формуларот мора да биде пополнет електронски и испечатен:
Онлине Формулар за Барање (Videx)

Откако ќе го испечатете пополнетиот формулар за барање, проверете ги сите податоци. Не заборавете лично да се потпишете на страниците на формуларот.

Филиалата на ВизаМетрик во Скопје нуди услуга за пополнување на формуларите. Барателите кои би посакале да ја користат истата може да им се пополни формуларот за 1.250 МКД во канцелариите на ВизаМетрик за секое барање поединечно. Вработен во Центарот за поднесување барања ќе ги внесе податоците на барателот во електронска форма и испечатеното од истото ќе го спои со другите документи. Ќе бидат впишани тие податоци кои се дадени од страна на барателот.

Ценовник на Визи и Услуги на Визаметрик

  • Цена на Виза : Цената на виза се определува од страна на амбасадата и се трансферира на нив за да се процесуира вашето барање.
  • Цена на Услуги : Услугите се наплаќаат од страна на Визаметрик за примање на вашето барање за виза. Цената на услугата се одредува од страна на Визаметрик и истата изнесува 2.400 мкд.
  • Забелешка: Плаќањето на такста за виза и за услгите не се гарант за добивање виза. Истите нема да се рефундираат или трансферираат откако вашето барање се предаде на амбасадата, или пак ако барањето се одбие или процедурата се запира од страна на барателот.

Таксата за Виз се плаќа во готово и тоа во денари.

Такса за Виза – Национална Виза0 – 18 Години18+ Години
За граѓани на Македонија2.500 мкд (во мкд)4.700 мкд (во мкд)
За граѓани од други држави2.500 мкд (во мкд)4.700 мкд (во мкд)

Такси на Визаметрик
Национална Виза2.400 мкд (во мкд)

До каде е процесот за вашате виза можете да проверите на следниов линк:

Адресата на ВизаМетрик е:
Борис Спиров бр. 1-001/20 Скопје – Центар, Центар
+38923225055

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија