Прв чекор: дознајте каде се пријавува живеалиштето
Првиот чекор во постапката е закажување термин во надлежната институција. Во зависност од тоа во која од 16-те сојузни држави се наоѓате, надлежната институција се разликува. Надлежна институција може да биде Bürgeramt, понекогаш наречена и Bürgerbüro – во превод, канцеларија за граѓани. Институцијата може да биде Bezirksamt или општина, или може да биде и Rathaus или градска администрација. Може да биде и Kreisverwaltungsreferat или Kundenzentrum]. Веројатно има и други можни имиња на надлежни институции за кои не сум слушнал, па доколку дознаете за некоја, споделете ја со нас во коментар.
Втор чекор: закажете термин
Можете да закажете термин преку веб страната на надлежната институција (на пр. за Берлин е на веб-страната на градот). Важно е да се напомене дека термините се претежно пререзервирани (барем во Берлин), така што треба да чекате за термин повеќе од два месеци. Затоа, препорачливо е да резервирате термин однапред од вашата матична земја. Откако ќе резервирате термин, ќе добиете број на чекање Wartenummer кој мора да го запишете бидејќи ќе ви треба подоцна.
За да дознаете која е надлежна институција, прогуглајте го местото каде што одите. На пример, ако сакате да се регистрирате во Берлин, гуглајте за Berlin Meldebescheinigung, ако одите во Sonneberg, гуглајте за Sonneberg Meldebescheinigung итн. Во зависност од тоа каде се наоѓате, понекогаш може да отидете во надлежната институција без закажан термин, таму да добиете број за чекање и да го чекате вашиот ред. Во Берлин тоа може да се направи само во неколку канцеларии, а можете да чекате неколку часа. Понекогаш е можно да не го дочекате вашиот ред ако пред вас има многу луѓе со закажан термин.
На некои места, можно е да го преземете формуларот на веб-страницата, да го пополните, да го испечатите и да го понесете со себе, иако тоа не е задолжително бидејќи истото можете да го направите на лице место. Понекогаш ќе добиете и помош од службеник за да го пополните, иако поверојатно е дека службеничката не знае англиски (како и нејзините колеги), па затоа ви треба основно познавање на јазикот бидејќи формуларот е исклучиво на германски . Доколку сте дошле на работа, постои голема веројатност во компанијата да има луѓе од човечки ресурси кои можат да ви помогнат и да одат со вас да ја извадете потврдата за адреса. Доколку компанијата не ви кажала за таа опција, можно е да заборавиле ненамерно, па не двоумете се да прашате дали компанијата нуди ваква помош. Постои голема веројатност дека одговорот ќе биде да.
Трет чекор: потребни документи
Кога ќе пристигнете во надлежната институција ќе треба да почекате да биде повикан вашиот број. Во зависност од гужвата, можеби ќе треба да чекате подолго од половина час. Кога конечно ќе стигнете на ред, покрај пасошот, треба да го покажете и Wohnungsgeberbescheinigung, познат и како Wohnungsgeberbestätigung, т.е. потврда на сопственикот поврзана со почетокот на престојот во неговиот стан или потврда од Hauptmieter ако WG.
Доколку не сте државјанин на ЕУ, покрај горенаведените документи, потребна ви е и дозвола за влез или престој! Според процедурата, службеникот не може да ви издаде потврда за престој доколку немате виза или дозвола за престој. Сепак, некои службеници не прават се според процедурата, па може да заборават да проверат дали имате документи и да ви издадат потврда за пријава на адреса.
Претходно не беше задолжително поднесувањето на Wohnungsgeberbescheinigung или Mietvertrag на проверка, потоа стана легално во некои држави, по што беше повторно укината, а потоа стана задолжителна во цела Германија во ноември 2015 година. Потоа се поставуваше прашањето кои институции контролираат, а кои не. На крајот, искрено не ни знаеме дали треба или не. Најбезбедно е да ги донесете Wohnungsgeberbescheinigung и Mietvertrag за секој случај, за да бидете сигурни, бидејќи ако ги немате сите потребни документи со вас, ќе мора да го направите тоа одново. Започнувајќи со барање термин.
Четврт чекор: Чувајте ја потврдата за пројава на адреса
На крајот на лице место добивате обичен А4 лист со печат на кој пишува од кога и на која адреса живеете. Самиот документ не е единствен за цела Германија, но се разликува од место до место дури и во рамките на истата покраина. Трошоците за добивање потврда за престој исто така варираат од провинција до провинција, а цената се движи од 0 до 12 евра. Покрај пријава на адреса, добивате и потврда за плаќање или Quittung. Дали може да платите со картичка зависи од установата, па најдобро е да носите готовина за секој случај. Цената за вадење на документот секогаш можете да ја видите на страницата каде што го закажувате терминот, а целата процедура трае околу 10 минути без да се чека. Доколку сте закажале термин кој нема да го користите, можете да го откажете онлајн или едноставно да не се појавите и со тоа да ослободите простор за луѓето кои дошле без закажување. Доколку не сте сигурни каде точно треба да го пријавите вашето живеалиште или имате какви било други сомнежи, слободно пишете ни во коментар.
Доколку ја изгубите потврдата за пријава на адреса, можете лесно да отидете до надлежната институција за да издадете нова потврда. За тоа ви треба пасош, а за добивање нова потврда се плаќа, па најдобро е да носите готовина со себе.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.