Програмата за емиграција во Алберта останува затворена до 2016

Почнувајќи од 27 август 2015, Програмата за емиграција во Алберта (AINP) нема да се прифаќа нови апликации, сè до 27 јануари 2016 година.

Причината за ова како што вели управниот директор, Бред Трефан, е преоптереноста на програмата.
„Околу 10.000 апликации чека проценка, а стотици други се доставуваат секој месец. Ваквата пауза е задолжителна, затоа што ќе ни помогне да ги обработиме апликациите кои веќе чекаат, но и да ја подобриме програмата“, рече Трефан.

Алберта е една од најпривлечните провинции за странците кои сакаат да се преселат во Канада. Според статистичките податоци од 2014, Алберта има најниска стапка на невработеност во оваа држава. Доколку сакате да прочитате повеќе информации за нејзината иселеничка програма, клинете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија