Дозвола за престој во Холандија

Со Шенген договорот, македонските државјани имаат право да отпатуваат во оваа земја и да престојуваат во период од 3 месеци. Но, доколку сакате да останете во Холандија повеќе од 90 дена, тогаш потребно ви е овластување за привремен престој (MVV). MVV е всушност лепенка која се става на вашиот пасош. За неа можете да аплицирате во холандската амбасада или конзулат во вашата родна земја (или во земјата каде легално престојувате). Особено е важно да обезбедите ваков вид на виза пред да пристигнете во Холандија!

Процедурата за овластување за привремен престој(MVV)  можете да ја отпочнете на два различни начини:
• спонзорот во Холандија да ја отпочне процедурата MVV со барање за совет, поднесено до Одделот за имиграција и државјанство (IND),
• вие да аплицирате за MVV во вашата матична замја. Тоа се прави во холандската амбасада или конзулат.

Целта на барањето за совет поднесено од страна на спонзорот е да се поддржи апликацијата за MVV која вие  потоа  ќе  ја  поднесете  во  амбасадата.  Одлуката  која  е  одговор  на  барањето  на  совет  е едноставно позтивен или негативен совет. Не можете да ја поднесете апликацијата на разгледување. Апликацијата  која  ја  поднесувате  во  амбасадата  е  всушност  официјалната  апликација.  Можете  да  ја поднесете  апликацијата  на  разгледување  доколку  добиете  негативен  одговор.  За  повеќе  информации, погледнте ја веб страницата www.ind.nl

Каде се аплицира?
Барањето можете да го поднесете во Холандската амбасада во Скопје, чии информации можете да ги најдете на следниот линк. Во случај да не сте во Македонија, на следниот линк можете да видите каде најблиску има Холандска амбасада.

Доколку поседувате Schengen виза, сепак треба да понесте неколку важни документи. Кога  патувате  во  Schengen  зоната,  со  себе  секогаш  имајте  копии  од  сите  документи  и  други  доказни материјали кои сте ги поднеле при обезбедувањето на визата.
Документи и други докази кои се однесуваат на вашите финансиски средства:
•конвертибилна валута, патнички чекови, тековна сметка и/или
•(доколку имате) копија од завереното гарантно примо кое го поднесовте при аплицирањето за виза,
•копии од доказите за приходот на оној кој ви пратил гаранција и патничко здравствено осигурување.

Документи и други докази кои ја докажуваат вашата причина за патувањето:
•доколку имате намера да одите во посета на пријатели или роднини, копија од заверена покана;
•доколку имате намера да престојувате во хотел, резервацијата за хотелот или доказ дека однапред сте ја платиле сметката за истиот;
•доколку  причината  е  деловна  посета,  документи  кои  ја  прикажуваат  природата  на  вашиот  бизнис (договори, ценовници, итн.);
•доколку причината е медицински третман, документи кои покажуваат дека одите во посета на Холандија од здравстевни причини (писмо од болницата каде ќе бидете примени, доказ дека сте здравствено осигурани, доказ дека сте платиле за третманот, или доказ дека можете финансиски да си го дозволите третманот);
•доколку сте уметник кој сака да се занимава со уметност во Холандија, валидна работна дозвола (ако таква се бара) и документи во кои се наведени точните места, времето и траењето на вашите изведби.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија