Работата е целосно легална, а може да се заработи и до 100 илјади евра годишно

Во Германија е отворена необична позиција – сомелиер за канабис

Производителот на лекови со седиште во Келн – Cannamedical Pharma произведува медицински производи од канабис.

Во моментов, компанијата бара сомелиер за канабис за да го одржи квалитетот. Работата е целосно легална.

Работните задачи вклучуваат:

  • евалуација на различни видови канабис врз основа на пропишани критериуми
  • проценка на условите за растење
  • едукативна работа од областа на медицинскиот коноп

Целта на компанијата е „на секој пациент да му обезбеди индивидуална терапија со највисок фармацевтски квалитет“, се вели во соопштението за печатот на Cannamedical.

Секој што мисли дека ова е нивната работа од соништата, прво треба да види кои се барањата за работа.

За да влезете во потесниот избор за оваа позиција, мора да сте пациент на кој му е дозволено да консумира канабис во Германија.
 
Само тогаш можете легално да консумирате канабис во Германија. Потребно е и одредено претходно знаење за канабисот.
 
Научна или земјоделска позадина, исто така, би можела да ви помогне. Во интервју за германските медиуми, претставници на компанијата објаснија дека е можно да се заработи и до 100.000 евра годишно.
 
Сепак, тоа зависи од квалификациите на лицето кое аплицира за работата. Досега на конкурсот се пријавиле повеќе од 100 заинтересирани.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија