Римац вработува – нуди 1.000 евра на секој што ќе препорача кандидат

Хрватскиот претприемач Мате Римац бара нови работници, а кандидати бара преку препораки. Имено, секој што ќе препорача кандидат кој евентуално ќе се вработи во Римац ќе добие награда од 1.000 евра, без разлика дали е вработен во Римац групацијата или не.

“Додека ја прошируваме работата на проекти за многу светски автомобилски компании, се шириме на сите нивоа. Секој што ќе го номинира кандидатот што на крајот ќе го вработиме ќе биде награден со 1.000 евра (бруто) – без разлика дали сте вработен во Rimac Group или не“напиша Мате Римац на Фејсбук.

Се бараат искусни експерти за набавки и логистика кои можат да преземат одговорност за големи проекти.

“Управувањето со барањата на вакви сложени проекти не е за почетници, затоа ве молиме не трошете вашето и нашето време со препораки за неквалификувани луѓе“ објави Римац.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија