Ништо не е невозможно кога е во прашање Дубаи, па ни ски-центар среде пустина.
Дубаи е еден од најпопуларните градови во светот, каде од плажа, можете да преминете на скијање.
Покриената ски-патека „Ski Dubai“, која се наоѓа во еден од најголемите трговски центри во светот – „Mall of the Emirates“, функционира од ноември 2005 година. Комплексот вклучува„ планина“ висока 85 метри со пет различни терени од почетници до напредни скијачи, а главната ски патека е долга 400 метри. За неа се користат 6 000 тони вештачки снег, додека пак просторот на овој центар е како три до четири фудбалски игралишта и може слободно да скијаат 1.500 луѓе.
За атмосферата да биде целосна, скијачката патека е опремена со ски лифтови, еден за седење, другиот за влечење на скијачите.