Каде во Европа се пие најмногу пиво?

Во Чешка, која е позната како земја со одлично пиво, се пие најголема количина по глава на жител и тоа во светски рамки. Просечен Чех во текот на годината пие по 143 литри пиво.

Во Германија каде се одржува најпознатиот пивски фестивал Октоберфест, во текот на годината се пијат околу 110 литри пиво по глава на жител.

Во истражувањето на Еуромонитор Интернешенал се опфатени 80-тина земји од целиот свет, а Македонија е некаде во долниот дел од табелата со испиени 34 литри по глава на жител.

Листата на земји со испиено најмногу пиво по глава на жител изгледа вака:

1. Чешка – 143 литри
2. Германија – 110 литри
3. Австрија – 108 литри
4. Естонија – 104 литри
5. Полска – 100 литри
6. Ирска – 93 литри
7. Романија – 90 литри
8. Литванија – 89 литри
9. Хрватска – 82 литри
10. Белгија – 81 литар

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија