Дали би го работеле ова за 4500 евра месечно?

Се чини дека не е сѐ во парите – и покрај навидум атрактивна понуда, живинарската индустрија во Велика Британија се соочува со недостиг на персонал што му се заканува на извозот.

Проблемот, според шефот на една живинарска фарма, лежи во природата на работата: треба да поминете по 12 часа на ден гледајќи во задникот на пилињата. Освен тоа, секој нововработен мора да помине три години во пракса за да научи како да го одредува нивниот пол.

Работниците треба да го одредат полот според мускулните разлики, како и големината и формата на нивните гениталии. Иако техниката може лесно да се научи, сепак обуките траат најмалку една година, бидејќи секој работник мора добро да ја научи работата за да нема пропусти.
Во југоисточна Азија, оваа работа е високо ценета. Но, во Велика Британија е предмет на потсмев, иако платата на годишно ниво изнесува 40.000 фунти.

А дали вие би го работеле ова за 4500 евра месечно?

FEMAIL

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија