Изнајмувањето стан е добра опција за оние кои сè уште не се подготвени да купат дом, или се на привремена работа во државата. Иако усниот договор за изнајмување во Шведска е правно обврзувачки, секогаш е побезбедно да имате и писмен договор во кој ќе бидат утврдени деталите и условите кои се однесуваат и на двете страни.
Постојат два типа на договори за изнајмување – Förstahandskontrakt или изнајмување „од прва рака“ кога потпишувате договор директно со сопственикот на станот; и Andrahandskontrakt или изнајмување „од втора рака“ кога договорот го потпишувате со некој што веќе го изнајмува станот. Во вториот случај, најбезбедно е да побарате дозвола и од самиот сопственик, бидејќи во спротивно, можете лесно да завршите на улица.
Договорот треба да ги содржи следните податоци:
- Името на сопственикот
- Име на закупецот
- Адреса на станот
- За какво сместување се работи (број на соби, големина и така натаму)
- Времетраење на договорот
- Услови за престанок на договорот
- Висина на киријата
- Детали околу тоа што е вклучено во киријата (греење, електрична енергија и слично)
Според шведскиот закон, киријата за два слични станови (според областа во која се наоѓаат, големината, бројот на соби, стандардот и слично) треба да имаат и приближно иста висина на кирија. Сепак, за еден стан може да има дополнителни давачки, доколку е целосно опремен. Киријата најчесто се плаќа однапред, на пример, за месец февруари, треба да платите не подоцна од 31 јануари. Ако ненавремено ја плаќате киријата, може неколку пати да добиете предупредување, по што сопственикот може и предвреме да го раскине договорот.
Овие договори можат да бидат потпишани за неопределено или определено време на траење. Највообичаен начин да добиете Förstahandskontrakt, е да се регистрирате во вашата општинската канцеларија за домување (Bostadskö).
Во поголемите градови, особено во Стокхолм, е навистина тешко да изнајмите стан од прва рака. Но, во помалите градови можете да добиете стан за многу брзо време. Притоа, сметајте дека за потпишување на ваков договор, неопходен ви е шведски документ за идентификација, а некои сопственици може да ви побараат доказ дека сте вработени, со што ќе бидат сигурни дека имате редовни приходи од кои ќе ја платите киријата.
Овие договори можат да бидат обострано раскинати, при што треба да биде дадена причина за раскинување на договорот. Сето тоа се поткрепува со писмена форма на раскинувањето, која треба да ги содржи следниве податоци:
- Името на сопственикот на станот
- Име на закупецот
- Адреса на станот
- Датум на раскинување на договорот за изнајмување
Најчесто датумот се утврдува по истекот на три месеци откако другата страна била известена за предвременото раскинување на договорот. На пример, доколку сакате да го напуштите станот на 1 јули, за ова ќе мора да го известите сопственикот најдоцна до 31 март.
Договорот за изнајмување од втора рака или Andrahandskontrakt, е честа појава во Шведска, особено во големите градови. Доколку потпишете ваков договор, важно е да бидете сигурни дека вистинскиот сопственикот е запознаен со ситуацијата, особено ако треба да платите депозит.
Формалниот договор ќе ви биде сигурност доколку увидите дека сопственикот ви наплаќал кирија повисока од онаа која законски може да ја зема.
Станови за изнајмување можете да најдете и преку веб сајтови од кои најчесто користени се следните:
Повеќето од овие сајтови се напишани исклучиво на шведски, па можеби е најдобро да се запознаете со неколку основни зборови од шведскиот речник, кои ќе ви помогнат во оваа ситуација:
- Lägenhet/hyresrätt: Апартман, стан
- Hyra hyresrätt: Изнајмување стан
- Uthyres (i andra hand): Да изнајмите стан од втора рака
- (Број) rum och kök: Бројот на соби во станот, покрај кујната и тоалетот
Бројот на заинтересирани кандидати, често го надминува бројот на достапни станови, особено во поголемите градови. Така што, навистина е важно да бидете претставителни и да ги уверите сопствениците дека сте добри кираџии кои редовно си ги плаќаат сметките.
Ако ви треба привремено сместување додека сте во потрага по нешто трајно, можат да ви бидат корисни следниве веб-страници: HomeAway, Airbnb и Wimdu.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска