Уште едно прекрасно патување со воз низ Швајцарија со „Бернина експрес“

Откако е прогласено за светско наследство на УНЕСКО, ова патување е опишано и како најживописното возење со воз во Европа.

Воодушевувањето што го предизвикува „Бернина експрес“ делумно се должи на неверојатните фотографии што многубројните, трпеливи фотографи ги направиле додека се возеле со овој воз. Сите фотографии и приказни за „Бернина експрес“ можеби не се доволни за да го доловат пејзажот што можете да го доживеете со ова возење со воз.

„Бернина експрес“ претставува панорамско искуство со воз од Швајцарија до Италија преку швајцарските Алпи.

Цената на билетот може да биде прилично голема (околу 190 евра) во шпицот на сезоната во споредба со другите панорамски патувања со воз во Швајцарија. Но, патувањето 122 километри со воз низ студената Швајцарија до топлите сончеви ливади во Италија вреди за секој денар. Се поминува низ 55 тунели, 196 моста, алпски стрмнини, преминот Бернина, а највисоката точка на патувањето е Оспизио Бернина со над 2.000 метри надморска височина.
Највпечатливиот дел од патувањето

Единствени незабележливи делови од патувањето се кога возот минува низ тунелите, само затоа што е темно. Освен тоа, целото патување е фасцинантно. 

Лето – Прекрасни зелени полиња со хипнотизирачки цвеќиња.

Зима – Стаклени, замрзнати езера и планини обвиени со снег. Поголемиот дел од површината е покриен со снег во овој период од годината.

Пролет – Комбинација од прекрасни зелени полиња со разнобојни цвеќиња, а наспроти нив се делумно снежните планини. 

Прва или втора класа?

Патувањето во прва класа си има свои предности, па ова важи и за првата класа на „Бернина експрес“. Додека и првокласните и второкласните вагони на „Бернина експрес“ имаат неверојатно широки панорамски прозорци, седиштата од првата класа имаат повеќе простор.

Извор: The travel.com
Фото: Facebook

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија