Фејсбук го смени името

По години и години, казни, критики, апелирање и што сè не, за Фејсбук да не биде толку разорувачка појава за сите општества низ светот, Закерберг и компанија решија да го променат името.

Главната намера им е да се создаде вирутелен свет „метаверс“ од кој „никогаш нема да можеш да избегаш“ бидејќи ќе го има на сите можни технолошки платформи (од мобилен до телевизор) плус на очила и часовници.

Ова доаѓа наспроти главната амбиција на секој еден корисник на Фејсбук, а тоа е да не биде корисник на Фејсбук.

Марк Цукерберг објави дека компанијата Фејсбук официјално го сменила името. Отсега ќе се вика “Мета“. Цукерберг ги објави промените минатата недела и дека компанијата ќе доживее ребрендирање, па така компанијата која ги поседува и Instagram и WhatsApp ќе се вика Мета.

Ребрендирањето, исто така, ќе го одразува фокусот на Фејсбук на создавање метаверзум, свет на Интернет каде што луѓето ќе можат да комуницираат во виртуелна средина. Во текстот на Verge се наведува дека евентуалното име на компанијата може да има врска со Хоризонт.

Визијата на Цукерберг: Животот како вечен холограм, создаден од опрема за виртуелна реалност, компјутери и соодветен софтвер – сето тоа се напојува од Фејс… ох, Мета.

Фејсбук сега се „маскира“ со главно безопасно и помалку загадено име. И како шеф на Мета сега, на самиот Цукерберг можеби ќе му биде полесно да се дистанцира од контроверзноста и да помогне да се донесе концептот на „метаверзум“, кој тој го претвори во сржта на својата стратегија. И на тој начин му дозволи да изгледа малку повеќе како футурист наместо на скандалозен претприемач.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија