9 години по победата на „Лорди“, Финска повторно има уникатни претставници на Евровизија кои засега важат за големи фаворити.
Групата „Перти курикан нимипаиват“ е формирана во 2009 година, на работилница организиран од здружение за помош на лица со инвалидитет. Годинава тие победија на државниот квалификационен избор во Финска, со песната „Секогаш морам“ која трае само 90 секунди.
Членовите на бендот боледуваат од аутизам и од Даунов синдром. Pertii Kurikka, Sami Helle, Kari Aalto и Toni Valitalo, веруваат дека со појавувањето на Евровизија ќе помогнaт да се зајакне поддршката за социјалните програми со цел луѓето да бидат повеќе информирани за Дауновиот синдром.
https://www.youtube.com/watch?v=zEiM6l5meQI