Изградбата на италијанскиот хотел Сан Калоджеро започнала пред дури 60 години, но верувале или не, досега овој хотел не пречекал ниту еден гостин. Почнувајќи од 1954, хотелот бил во фаза на градење скоро 30 години. Во 80тите, конечно бил готов, но се јавиле проблеми. Имено, цели десет години не бил постигнат договор околу тоа која компанија ќе управува со хотелот. Во меѓувреме, хотелот почнал да пропаѓа поради неодржувањето, па локалните власти на Сицилија одлучиле да го реновираат.
Во 1993 година, хотелот уште еднаш беше подготвен за отворање. Но, се јавиле дополнителни проблеми. 40 години по градежните работи, хотелот сè уште бил без правилно поврзан канализационен систем. Поради локацијата, ова било ужасно многу скапо за да се поправи.
Во 2000 година хотелот станал сопственост на друга компанија, која се нафатила да вложи пари во реконструкција на овој систем и да го поврзе хотелот со градот. Но, работата никогаш не започнала.
По 60 години и милијарди лири вложени во овој хотел, Сан Калоджеро е сè уште неотворен. Хотелот има совршена локација. Се наоѓа на самиот врв од карпестиот Монте Кронио, во непосредна близина на термални извори. На таков начин, ја промовира сета убавината на јужниот дел од Сицилија. Но, за жал, единствени гости на овој хотел, се гулабите.