Швајцарија денес ги пушти во оптек новите банкноти од 50 франци, кои веќе се достапни во Швајцарската национална банка во Цирих и Берн, како и во некои регионални банки кои можете да ги најдете на следниот линк.
Дизајнот на новата банкнота се фокусира на богатото искуство кое Швајцарија го нуди. На предната страна е претставено глуварче, а на задната страна планински венец.
Ова е првата банкнота од серијата нови банкноти кои Швајцарија ќе ги пушти во оптек наредните неколку години. Според извештајот од 2011 година на Универзитетот во Лозана, швајцарските франци се најмалку фалсификувани пари, за разлика од еврото и доларот. Новите банкноти на Швајцарија, ќе содржат заштита која може да се види само под микроскоп или со користење на УВ светлина. Боите на новите банкноти ќе бидат слични како старите, со таа разлика што ќе бидат малку помали.
Старите банкноти од 50 франци ќе можат да се користат до 2020 година, а потоа ќе бидат повлечени од промет и уништени. Според планот на Швајцарската национална банка, новиот дизајн на банкнотите ќе се користи во наредните 20 години.
Следна нова банкнота која ќе биде пуштена во оптек, е банкнотата од 20 франци која се очекува да биде презентирана на почетокот од 2017 година.