Шведска ги поместува сите згради во најсеверниот град Кируна. Целиот град се поместува за 3 километри на исток поради опасност од несреќи како последица од рударски активности.
Шведскиот град постои веќе 125 години и бил изграден околу рудник за железо. Официјалниот процес за релокација започнал во 2018 година, по децениски дискусии со рударската компанија во сопственост на државата, ЛКАБ. Било договорено кревање и поместување на некои згради, а рушење и одново градење на некои градби.
Над 20 историски значајни згради ќе бидат преместени во нова населба која треба да биде готова до 2036 година. Дотогаш, околу 6.000 жители ќе бидат релоцирани во нови згради.
Извор: Interesting Engineering
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска