ШВАЈЦАРИЈА ИЛИ ГЕРМАНИЈА? Неколку факти за двете земји – која Вие би ја одбрале?

Многу македонци денес живеат ширум светот, а голем дел од нив се веќе долги години во земји како Швајцарија и Германија.

Швајцарије е европска земја без излез на море. Граничи со Германија, Франција, Италија, Австрија и Лихтејштајн. Она што е интересно за Швајцарија е што има вековна традиција на политичка и воена неутралност. но исто така и на меѓународна соработка.

Швајцарија е седиште на голем број на меѓународни организации.

Швајцарија е земја која има една од најстабилните економии во светот. Она што е познато е дека тие ги произведуваат најубавите чоколади и најквалитетните часовници Ролекс. Швајцарија е земја со најголем извоз на чоколадо. 

Во продолжение неколку интересни факти:

– Во Швајцарија има повеќе банки отколку стоматолози.

– Компанијата Ролекс го направи првиот часовник во 1927 година во Швајцарија

– Во Швајцарија има четири официјални јазици. Германски, француски, италијански, ретормански.

– Распоредот на возовите е еден од најсовршените во светот. Не можете да задоцните нигде.

– По Јапонците, Швајцарците имаат најдолг животен век.

Во продолжение прочитајте други интересни работи за Швајцарија.

За риболов, ви треба лиценца. За 9 часови, експертите ќе научат да ги отстрануваат рибите од куката на таков начин што нема да страдаат. Во секој тоалет на јавно место има писоар. За жените, секако. За да добиете швајцарски пасош, треба да имате добри односи со вашите соседи. Швајцарија е едно од најчистите држави во светот. Најпопуларниот автомобил кај планинските фармери е Лада Нива.

Најпопуларниот и престижен подарок за секое лице, без оглед на возраста – гробна парцела

Повеќето индиски филмови се снимаат во Швајцарија. Боливуд си ги присвоил планинските пејсажи уште во 1960-тите.

Родителите се должни да ги врзат децата на поводник за време на прошетка.

Е сега, факт е дека многу од нашите македонци живеат и во Германија. Па еве неколку интересни факти за Германија:

Една третина од државата е покриена со шуми. 65% од автопатите немаат ограничување на брзината. Има повеќе од 1,500 видови на пива во Германија.

Постојат над 2,100 замоци во државата. Берлин е 9 пати поголем од Париз и има повеќе мостови од Венеција. Постојат над 1,000 видови на колбаси во Германија. Најголемиот фестивал на пивото во светот е Октоберфест, што се одржува во Германија.

Најголемиот број од таксистите во Германија возат Мерцедес. Дитер Шварц, основач на ланецот супермаркети „Лидл“, има нето вредност од 37 000 милиони евра.

Највисоката точка во Германија се наоѓа на планината Зугшпице, со скоро 3000 метри надморска височина. Првата печатена книга е направена во Германија од Гутенберг, во 1455 година. Германија е членка на Европската унија со најмногу жители со повеќе од 83 милиони. Тоа е втора земја со најмногу миграции во светот, само надмината од Соединетите држави.

Да не должиме. Прашањето ни е – која Вие ја одбравте или би ја одбрале?

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија