За да го објасниме ова, ќе земеме еден пример со двајца самци, Драган и Зоран.
Драган работи, а Зоран е на социјала.
Драган работи за 2000е на месец (иако некои работат и за помалку), а Зоран прима социјала 560е.
Драган, стан од 50м2 го плаќа околу 1000е, додека Зоран не плаќа ништо.
Драган плаќа режија за станот 200е, а Зоран не плаќа ништо.
Зоран има право да заработи легално 170е, значи работа од еден ден.
Кога ќе собереме и одземеме се, на крајот на Драган кој работи му остануваат околу 800е, а Зоран кој не работи му остануваат 740е.
Сега вие самите проценете дали е подобро да работите или да не работите.
Според мене, ова е голема неправда за луѓето кои работат.
Пишете го вашето мислење во коментар.
Примеров е за оние кои работат во Минхен. Во другите градови е поинаку во однос на киријата.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.