Според статистичките податоци, просечната месечна бруто-плата на вработените на неодредено во Германија изнесува околу 3.975 евра.
Доколку заработувате над 47.700 евра годишно, заработувате над статистичкиот просек.
Анализа на Универзитетот „Пурду“ покажала дека повеќето луѓе во Германија се особено задоволни со својата плата ако заработуваат околу 77.000 евра годишно.
Според друга анализа на Даниел Канеман, добитник на Нобелова награда за економија, луѓето што заработуваат околу 65.000 евра годишно се најсреќни.
Меѓутоа, платите се разликуваат од индустрија до индустрија. На пример, медицинските менаџери заработуваат многу повеќе од вработените во други индустрии во Германија. Освен тоа, задоволството од височината на платата зависи и од други фактори.