Студентска виза за Швајцарија

Студентите кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ и Европската економска област можат да студираат во Швајцарија без студентска виза.

Ако студиите траат подолго од 3 месеци, потребно е да имаат дозвола за престој.

Студентите од трети земји кои сакаат да студираат подолго од 3 месеци во Швајцарија, мора да имаат национална виза која им дава право да дојдат во Швајцарија како студенти, а по пристигнувањето треба да поднесат барање за дозвола за престој.

Со долгогодишно искуство во работата со студенти и познавањето на имиграциските процедури, можам да ви помогнам да ги реализирате своите планови.

Процедурите за упис и аплицирање за виза бараат планирање, искуство и знаење, а јас можам да ве поддржам и трпеливо да ве водам низ процесот.

Работење во текот на студирањето

  • Меѓународните студенти во Швајцарија можат да работат 15 часа неделно додека наставата е во тек и полно работно време за време на празниците
  • Студентите од трети земји можат да започнат со работа после првите 6 месеци од студирањето, кога ќе добијат дозвола за работа за која аплицира работодавачот
  • Нема додатни ограничувања за граѓаните на Европската унија и Европската економска област

Процедура

  • Советување и избор на образовна институција и студиска програма
  • Подготовка на уписната документација и упис
  • Добивање на понуда од страна на образовната институција
  • Прифаќање на понудата и добивање потврда за упис
  • Аплицирање за студентска виза и подготовка за пат

Предности на студентската виза

  • Студентската виза за Швајцарија овозможува стекнување престижно образование и ценета диплома
  • Дава можност да се студира на високо рангирани образовни институции
  • Со студентска виза и самиот престој во Швајцарија, добивате можност да научите или да ги подобрите странските јазици
  • Можност за работа за време на студиите и стекнување драгоцено работно искуство и важни контакти
  • Можност да стекнете уникатно искуство за студирање во мултинационална и повеќејазична средина

Услови за добивање на студентска виза за Швајцарија

  • Да сте запишани на студии на образовна институција во Швајцарија и да имате платена школарина
  • Да имате соодветно ниво на образование за студиите кои ги запишувате
  • Да имате доволно ниво на познавање на јазикот на кој се изведува наставата
  • Да сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и престој во Швајцарија
  • Да докажете дека вашиот мотив е привремен престој поради студирањето
  • Да имате соодветно здравствено осигурување
  • Да имате организирано сместување за периодот на студирање

Студирање во Швајцарија

Швајцарија е една од најпрестижните студиски дестинации и нуди супериорни услови за образование и спроведување на современи истражувања, престижни образовни институции и квалификации кои отвораат многу врати низ целиот свет. Швајцарија нуди широк спектар на студиски програми во сите студиски области, на германски, француски, италијански и англиски јазик.

Опции за студирање во Швајцарија

Постојат различни опции за студирање во Швајцарија:

  • Курсеви по јазик
  • Основни академски студии
  • Мастер студии
  • Понатамошни напредни студии во форма на сертификати, дипломи или напредни мастер студии
  • Докторски студии

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија