ПочетнаАктуелноВо Белгија им плаќаат на оние кои решиле да се ослободат од...

Во Белгија им плаќаат на оние кои решиле да се ослободат од автомобилот

Веќе почнаа да се случуваат големи промени во општеството, а најновиот пример доаѓа од Белгија. Досега, тоа е само во Брисел, каде што сопствениците на автомобили се охрабруваат да се ослободат од личниот автомобил за значителна награда.

Како и многу иницијативи досега, така и оваа се случува под покровителство на екологијата.

Тоа е дел од програмата „Бриселс ер“, која веќе понуди различни стимулации за граѓаните да не возат низ градот со автомобили.

Имено, иако главниот град на Белгија не е огромен, квалитетот на воздухот е исклучително лош, често полош отколку во најголемите европски метрополи.

Дел од „заслугата“ за лошиот квалитет на воздухот оди и на количеството автомобили во и околу градот.

Затоа секој граѓанин кој ќе реши да се ослободи од автомобилот ќе добие бонус од 900 евра. Притоа, сопствениците имаат две решенија; првата е продажба на автомобилот, а втората е задржување на возило под услов да не биде регистрирано.

Покрај некои предуслови, како што се најмалку две години претходна сопственост на регистрираното возило, властите смислија и попис на имотот. Максимални 900 евра ќе добијат сите кои имаат годишен приход до 37.600 евра, а оние со до 75.100 евра, добиваат 700 евра. Ако некој заработува уште повеќе, наградата е „само“ 500 евра.

Градските власти се надеваат дека оваа иницијатива ќе го намали бројот на автомобили на патиштата, но и ќе ги поттикне луѓето да го користат добро организираниот јавен превоз, како и добро организираните услуги за споделување, без разлика дали се возила, велосипеди или исклучиво електрични автомобили.

СЛИЧНИ СТАТИИ