Предлог во Германија да се ограничи брзината на автопат на 100 km/h

Руската инвазија на Украина повторно ја отвори вечната тема за која постојано се дебатира во Германија – ограничување на брзината на автопат…

Граѓаните и политичарите неодамна се изјаснија за ова прашање, а свое мислење даде и четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел (Sebastian Vettel).

Еколошкото здружение Гринпис (Greenpeace), исто така, се огласи, повикувајќи на привремено „ограничување на брзината за мир“ поради големата зависност на Германија од нафта, гас и јаглен од Русија.

Нивниот приоритет е намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисиите, пишуваат агенциите.

Гринпис предлага ограничување на брзината од 100 km/h на автопат, 80 km/h на државните патишта и 30 km/h во градовите!

Експертот за сообраќај на Гринпис Бенџамин Стефан (Benjamin Stephan ) ја објасни позицијата: „Секое полнење на резервоари, секоја испорака на нафта за греење фрла пари во воената каса на Путин. Тоа мора да го избегнеме!

Патот до независност од нафтата на Путин вклучува многу помали чекори, а владата може да преземе некои од нив денес“.

Покрај ограничувањето на брзината, здружението изнесе и други предлози за намалување на потрошувачката на гориво.

Меѓу другото, бараат помасовна работа од дома за да се избегне возење до работа, две недели месечно без автомобил и префрлање на патници од домашни летови во железнички превоз.

Гринпис тврди дека предложените мерки би можеле да заменат 10 до 12 отсто од увозот на нафтени деривати.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија