Како е да се биде родител во Данска?

Многумина сакаат да имаат деца, но во реалниот живот не е важна само желбата, туку и можностите кои има одредена индивидуа. Се вели дека Данците се најсреќна нација на светот. Тешко е да се дефинира што значи тоа да се биде среќен, но Данците се сигурно задоволни, опуштени, љубезни и културни.

На врвот на приоритетите кај Данците се малите животни радости, дружењето и сето она што може да се вброи во уметност на животот. Освен тоа, Данците се народ кои не ги преживуваат општествените, политичките и економските потреси, за разлика на пример од народите на Балканот. Зошто во Данска е полесно да се одлучите да имате дете?

Треба да се спомене дека Данците плаќаат високи даноци за подоцна да уживаат во придобивките кои државата ги нуди, но тоа за нив не претставува проблем. Имаат бесплатно здравство, бесплатно образование.

Просечна месечна бруто плата изнесува 5 илјади евра, што значи дека голем дел од жителите примаат плати над просекот, односно од 5 до 15 илјади евра. Стандардна работна недела трае 37 часа и според тие часови се пресметани и субвенции, помош и стипендии кои државата им ги доделува на родителите.

По добивањето или усвојувањето на детето, мајката и таткото можат да земат слободни месеци. Мајката може да оди на породилно отсуство 4 недели пред терминот за породување, а со детето мора да помине 18 недели. Таткото со новороденчето може да помине 2 недели. Породилното може да се продолжи за дополнителни 32 недели, односно 8 месеци, а родителите го користат според сопствен договор. На пример таткото може да ги земе сите 32 недели, или тој да земе 16 , а и мајката 16 недели.

Додека трае породилното, родителите од државата во просек добиваат по 560 евра неделно, односно 2240 евра месечно. Во зависност од договорот, некои родители добиваат и целосна плата во текот на породилното.

Данска има и таканаречена економска помош која се исплаќа за секое дете, се до неговата 18-та година. Така што, родителите во зависност од возраста на детето годишно добиваат :

2.385 евра годишно за дете од 0-2 години
1.880 евра годишно за дете од 3-6
1.480 евра годишно за дете од 7-14 години
1.485 евра годишно за дете од 15-18 години

Цените во градинките се навистина мали за стандардот во Данска. Наставата се одвива претежно преку низа активности и игри, за дечињата постојано да бидат активни, кои се одвиваат најчесто на отворено, во природа. Образованието на детето се до завршувањето на факултето е бесплатно, односно неговото образование го плаќаат жителите на Данска преку даноците. Детето може да се запише и во приватно училиште, но и таму родителите плаќаат само 20 % од сумата, а остатокот го покрива државата. Истото е и со здравството – и тоа е бесплатно. Единствено што не е бесплатно е посетатата на стоматолог по завршувањето на 18-та година. Тогаш цените се навистина високи.

И покрај ваквите придобивки, наталитетот во Данска е намален. Младата популација сака да се образува, да се вработи и да купи недвижен имот пред да формира семејство. Сепак самата држава преку ваквите придобивки се обидува да влијае на зголемувањето на наталитетот, што се покажува и како успешно, со оглед на фактот дека медиумската кампања која се реализирала минатата година резултирала со 1200 новороденчиња повеќе.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Данска

This image has an empty alt attribute; its file name is 273505346_1740157049522158_681385022975416430_n.jpg