Кога се во прашање климатските услови, веројатно Шведска ве асоцира на дожд, снег и многу студено време дури и во летните месеци. Сепак, Шведска има неколку плажи за кои веројатно никогаш не би погодиле дека се наоѓаат токму таму.
Риберсборг, Малме
Градската плажа Ribersborg во центарот на Малме, има сè што еден посетител може да побара: ресторани, тушеви, зелени површини и скари. Оваа плажа исто така има посебни делови за нудисти и кучиња.
Танто, Стокхолм
Оваа плажа е место каде можете да ги најдете повеќето жители на Стокхолм за време на викендите и топлите денови. Танто плажата не нуди толку угостителски локали, но има ситен песок и палми, што е доволно за момент да почувствувате дека сте на некој јужен остров.
Фаро, Готланд
Лоциран на околу 200 километри јужно од Стокхолм, се наоѓа малиот остров Фаро каде можете да стигнете со траект или авион од копното на Шведска. Судерсанд е една од најубавите и најпопуларни плажи на ова место. Нуди секаков вид на забава за посетителите, од педалинки, мини голф терени, ресторани, кафулиња и барови на плажа.
Лајсекл, Бурхаслин
Регионот Бурхаслин во југозападна Шведска е познат по изобилството на прекрасни плажи. Стариот рибарски град Лајсекл има вкупно 12 плажи. Кога е во прашање убавината, невозможно е да изберете само една. Она што денес е останато од некогашните глечери, се плажи со мазна карпа, карактеристични токму за ова место.
Норфорсфликен, Хога Кастен
Оваа плажа не е како останатите, бидејќи е лоцирана на северниот дел од Шведска, каде сонцето едвај се појавува во текот на летото. Но, поради златниот песок, ведрото небо и зелените планини, ќе помислите дека се наоѓате на Медитеранот.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска