TАЈНАТА ЕКСПЕДИЦИЈА НА ХИТЛЕР НА АНТАРКТИКОТ

Приказната почнува летото 1936. Во склоп на подготовките за новата војна на Хитлер било зголемувањето на ефикасноста на домашното производство на путер, млеко, сирење, сланина и други продукти. Во тоа време маслото од кит било една од главните состојки на маргаринот. А Германците јаделе многу маргарин.

Корнелија Лудеке, професорка по историја на науката на Универзитетот во Хамбруг е коавторка на книга од 2012, „Третиот рајх на Антарктикот: германската експедиција од 1938-1939“. Во неа таа објаснува дека Третиот Рајх во еден момент посакал да произведува китово масло за да не мора да го купува од Норвешка, како што било до 1930-тите.

Освен тоа, во текот на Првата светска војна Хитлер бил сведок на британската поморска блокада која ги прекинала доставите на храна за Германија, што довело до нејзиниот пораз – грешка која сега не смеела да се повтори.

Неговиот четиригодишен план вклучувлј комплетна воена и економска самоодржливост, што меѓу другото значело и забрана на дестилација на компири во алкохол, заради зачувување на изворите на сиров материјал.

Помеѓу намирниците маргаринот имал посебно место. Германците никогаш не се навикнале на француската измислица, путерот, и до 1930 конзумирале по 8 килограми маргарин по жител годишно. Секако, на ова влијаела и цената на маргаринот, која опаднала кога со напредокот на керозинот се создал вишок китово масло кое претходно било користено за осветлување. Во 1929 се случило спојување на две големи компании кои до тогаш произведувале китово масло за осветлување, а сега се префрлиле на производство на маргарин (холандската Унилевер-Маргарин Уни и британската Левер Брадерс).

Китовото масло било користено и за воени цели, за подмачкување на машинеријата и за производство на нитроглицеринот потребен за експлозиви. И Британија го прогласила за продукт за национална одбрана во 1938. Германија и Британија таа година купиле 83% од вкупното количество расположиво масло. Голем број од овие китови доаѓале од норвешките води, што довело до тоа ловиштата да се прошират до ничија територија долж Антарктикот, денес наречена земја на Кралицата Мод.

Планот на Германците бил следен: ако стигнат до оваа територија тогаш ќе добијат пристап до доволно ресурси и за маргарин и за експлозиви. Така во мај 1938 почнала германската експедиција на Jужниот пол.

Под водство на капетан Алфред Ритшер, одликуван во Првата светска војна и оженет со позната еврејска уметница, експедицијата тргнала на пат во видоизменет карго брод кој бил видоизменет за од него да можат да се катапултираат два 10-тонски авиони, позајмени од Луфтханза. Мажите во екипата биле бирани врз основа на своето поларно искуство а не на воените заслуги, и биле постојано под присмотра на наци офицер на бродот. По три месеци поправки кои требало да го претворат Швабенланд во мразокршач, капетанот испловил од Хамбург на 17 декември 1938 со посада од 82 научници, офицери и физички работници.

Бродот стигнал на Антарктикот еден месец подоцна и го испитал теренот со помош на водните авиони. Планинскиот регион никогаш не бил истражен и германските научници го нарекле „Ној Швабенланд“ според бродот.

Но нештата не оделе секогаш според планот. На некој начин мисијата била завршена уште пред да почне. На 14 јануари 1939 Норвешка издала кралска прокламација со која ставила рака на оваа територија, и тоа додека Германците уште не биле ни стигнати до Антарктичкиот круг. Сепак, нацистичките водни авиони покриле голема претходно неистражена земја, фрлајќи стрелки со исцртани свастики кои потонале длабоко во антарктичкиот мраз. Ниту една друга земја не го прифатила тврдењето на Германија дека со ваквиот чин ова станало нејзина територија.

Единствената корист од целата експедиција за нацистите било барањето на Геринг таа да се искористи за информации околу функционирањето на авионите на ниски температури. Овие информации им се нашле по инвазијата на СССР. Сепак, не доволно за да победат.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија