ГЕРМАНИЈА ЈА КУПИ КОВИД ТЕРАПИЈАТА ШТО ЈА ПРИМИ ДОНАЛД ТРАМП

Може Меркел е алергична на сè што е поврзано со Трамп, ама тоа некако не важи и за терапијата која за неколку дена го крена поранешниот американски претседател од ковид-19 и го врати назад во претседателската кампања.

Се работи за моноклонал антитело лекарството од кое Германија купи 200.000 дози за вкупно 487 милиони долари (или 2.435 долари доза). Следната недела Германија ќе биде првата држава во ЕУ која ќе ја употреби оваа терапија.

„Инјектирањето на овие антитела го намалува ризикот кај пациенти кои се во рана фаза на болеста да развијат сериозни симптоми,“ објаснува германскиот министер за надворешни работи, Јенс Спан.

Трамп во октомври го прими експерименталниот третман од Регенерон фармасеутикалс откако беше дијагностициран со ковид-19. Тогаш Трамп беше толку ентузијастичен и возбуден околу терапијата (главно затоа што и покрај годините и дебелината остана жив) што најави дека лекот ќе го направи бесплатно достапен за сите Американци. Ова не се случи.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија