Што е тоа Weihnachtsgeld?
Weihnachtsgeld е доброволен додаток на вашата плата што вашиот работодавец може, а не мора да ви го исплати. Обично се плаќа на крајот на годината (околу Божиќ), па затоа често се нарекува и 13-та плата.
Додека го пишувам ова, 52% од вработените во Германија добиваат Weihnachtsgeld. Вработените добиваат Weihnachtsgeld преку „tarifvertrag“ (колективен договор) во 88% од случаите, а останатите многу поретко. Во суштина, ако не е наведено во вашиот договор за вработување, големи се шансите дека нема да добиете пари за Божиќ.
Висината на надоместокот не е законски дефинирана и зависи од многу фактори. Некои индустрии плаќаат повеќе од другите, а дополнително, висината на надоместокот зависи од тоа колку долго сте работеле во таа компанија, дали сте вработени со полно работно време итн.
Weihnachtsgeld во Германија се движи од 300 евра до целосната бруто плата. Според колективниот договор тоа е воглавно регулирано, па така добивате:
- 25% од бруто платата ако сте работеле во таа компанија 6 месеци,
- 35% од бруто платата ако сте работеле во таа компанија 12 месеци,
- 45% од бруто платата доколку работите во таа компанија 24 месеци,
- 55% од бруто платата доколку работите во таа компанија 36 месеци.
Излегува дека во Германија просечниот Weihnachtsgeld изнесува 2.700 евра бруто.
Да бруто, Weihnachtsgeld во Германија се оданочува, но повторно… многу пари.
Urlaubsgeld во Германија
Urlaubsgeld (пари за одмор) е исто така доброволен паричен надоместок што го плаќаат работодавците, овој пат не поради Божиќ, туку поради Одмор. Најчесто се плаќа пред годишен одмор, т.е во 5-ти или 6-ти месец и популарно се вика… погодувате… 14-та плата.
Идентично како и Weinachtsgeld, распоредот е ист. Луѓето кои се вработени преку колективни договори добиваат Urlaubsgeld во 77% од случаите, додека тоа е многу поретко за другите вработени, односно околу 35% од вработените го добиваат овој надоместок.
Доколку не сте вработени со колективен договор и во договорот не се споменува вашиот годишен одмор, мали се шансите да добиете Urlaubsgeld.
Urlaubsgeld и Urlaubsentgeld не се иста работа. Urlaubsentgeld може да го плати работодавачот во замена за вашиот неискористен одмор. Според тоа, тоа е нормалната плата што работодавачот ја плаќа кога сте на одмор, или ви плаќа дополнително кога треба да бидете на одмор, а вие работите.
Колку изнесува Urlaubsgeld ?
Висината на надоместокот не е одредена и повторно опсегот е широк. Некои фирми плаќаат 150 евра, а некои дури 2 или дури 3 илјади евра бруто. Нема правила, но ми се чини дека 50% од бруто платата за надомест не е необична работа. Значи пак 1-2 илјади евра бруто. Да бруто, плаќате данок и на Urlaubsgeld во Германија.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико