Шведска има недостиг од следните професии

Заводот за миграција на Шведска објави официјална листа од барани професии во таа развиена скандинавска земја, за во наредниот период да привлече квалитетен и образован кадар.
На листата професии за кои постои голема побарувачка во Шведска, а која е објавена на интернет страната на Заводот за миграција, се наоѓаат, меѓу другите, професии како беби-ситерки, електроинженери, готвачи, лимари, медицински сестри, молери, пекари, слаткари, водоинсталатери и стоматолози.

Меѓу бараните професии има аптекари, геометри, градежни инженери и техничари, инструктори за возење, комерцијалисти, лекари, механичари за камиони, наставници за основни училишта, педагози за лица со посебни потреби, психолози, работници за градба на железница и патишта, рудари…

Во Шведска се бараат и професии како педагози за слободни активности, советници за професионално и студиско насочување и забни хигиеничари.

Доколку работодавецот во Шведска повика кандидат на разговор за работа за една од бараните професии, барањето за работна дозвола може да се поднесе од Шведска наместо кандидатот да се враќа во својата татковина.

Повеќе информации за бараните професии може да се најдат на интернет страната на Заводот за миграции, “Migrationsverket”.

Според податоците на консултантската фирма “Ernst&Young”, просечната бруто плата во Шведска е 32.769 евра годишно, односно 2.730 евра месечно.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија