Wohngeld е финансиска поддршка за плаќање на кирија или кредит за имот.
Таа е наменета за поддршка на приватни лица во обезбедување соодветно домување. Иако Wohngeld е социјална мерка, таа се доделува само ако поднесете апликација, која, доколку е одобрена, е законска основа за давање помош.
Постојат два вида на Wohngeld:
- Mietzuschuss – помош за плаќање на изнајмен стан (ако имате друг стан, не можете да барате Wohngeld и за него).
- Lastenzuschuss – надоместок за плаќање на сопствен стан
Кој има право на Wohngeld?
Сите кои веќе добиваат социјална помош што вклучува и поддршка за домување немаат право на Wohngeld (ако добивате социјална помош, Arbeitslosengeld II или Grundsicherung немате право на Wohngeld). Покрај тоа, луѓето кои живеат сами и студираат или прават Ausbildung исто така немаат право на Wohngeld (тие имаат право да бараат поддршка од BAföG или Berufsausbildungsbeihilfe (BAB)
Освен во овие случаи, во сите други можеме да бараме Wohngeld. Дали ќе го добиеме и во кој износ зависи од:
- број на членови на домаќинството,
- вкупен приход на домаќинството,
- износот на киријата
Овде можете да го пресметате вашиот Wohngeld:
https://www.wohngeld.org/wohngeldrechner.html
Кога да аплицирате за Wohngeld?
Најдобро веднаш, затоа што парите не ги добивате наназад, туку само од месецот во кој сте ја поднеле апликацијата.
Wohngeld обично ви се доделува 12 месеци, по што треба да поднесете нова апликација.
Како и каде да аплицирате за Wohngeld во Германија?
Апликацијата ја поднесувате до вашиот Landratsamt. Ако живеете на помало место, општината (Einwohneramt или Burgeramt) е одговорна за такви работи.
Документите што ќе треба да ги доставите за апликацијата се:
- пополнет формулар за Wohngeld
- договор за стан (Mietvertrag)
- Mietbescheinigung (потврда од вашиот сопственик дека навистина живеете таму и информации за големината на станот)
- личен документ (пасош)
- потврда за пријава на таа адреса
- потврда за приход (работодавачот мора да пополни)
- изводи од плата.
Образецот за апликација за вашиот регион можете да го преземете тука – https://www.wohngeld.org/antrag.html
Аплицирањето за Wohngeld во Германија е доста комплицирано, но овој формулар вреди да се пополни затоа што можете да добиете и неколку стотици евра месечно.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.