„Emirates“ бара стјуардеси од Македонија

Авиокомпанијата „Emirates“ на 27 септември ќе организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија. Oд потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование, течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, како и одлично здравје и физичка подготвеност.

Интервјуто ќе се изврши во Холидеј Ин, со почеток од 9 часот.

За да аплицирате, кликнете тука.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.