Намалената миграција во Австралија е закана за нејзината економија

Последните истражувањата покажуваат дека намалувањето на бројот на населението, како и намалената миграција, можат да имаат сериозни последици по економијата на Австралија.

Многу странци кои сакаат да заминат во оваа земја не можат да го сторат тоа, а оние кои веќе се таму, најчесто се враќаат дома бидејќи останале без работа.

Минатата година, во Австралија се доселиле 173.000 странци, што е за 45% помалку од 2008 година која бележеше рекорд кога е во прашање миграцијата. Аналитичарите предупредуваат дека бавното темпо на миграцијата, негативно ќе се одрази врз многу индустрии на кои им е потребна работна сила.

Сепак, статистички гледано, населението во Австралија сè уште расте со побрзо темпо од САД и многу европски земји. Но, тоа не е доволно за да ги задржи високите стандарди на Австралијците.