Мерки против лажните бракови за канадско државјанство

Канада е земја која нуди одлични услови за живот, па токму затоа е мета на странци од целиот свет. Но, преселувањето во Канада не е толку едноставно. Треба да ги исполнувате условите кои се бараат, а по долгиот процес на апликација и селекција, многумина остануваат пред затворена врата.

Не е тајна дека во многу вакви држави за кои има голем интерес, се склучуваат и лажни бракови со цел странците да добијат канадско државјанство. На тој начин, би можеле долготрајно да останат во оваа држава. По добивање на државјанството, најчесто таквите бракови завршуваат со развод.

Но, сепак ова не е трајно решение. Имено, дури и по добивање на државјанство, многу странци се соочиле со парични казни, па дури и куќен притвор откако биле откриени.

Ли дошла во Канада од Кина во 2005 година, за да студира моден дизајн. Многу набргу таа склучила брак со Адам Рајан кој е канадски државјанин. Откако Ли добила канадско државјанство, во 2009 година се развела од Адам. Но, канадската агенција за гранични служби (CBSA), набргу го открила овој случај. Случајот на Ли бил преземен од Федералниот суд на Канада, кој изрекол наредба за нејзино отстранување од државата, откако поранешниот сопруг Адам признал дека таа му платила за да склучат брак. Ли се обратила до IAD за помош, велејќи дека таа заслужува да добие дозвола за престој од хуманитарни причини, дека веќе е во нов брак, а по 9 години живот во Канада, веќе нема никакви врски со Кина. Сепак, таа беше депортирана назад во нејзината татковина.

Овој случај беше набрзо решен, но прашањето е уште колку вакви бракови постојат во Канада. Иако е малку тешко да се откријат, сепак канадските власти постојано работат на спречување на вакви лажни бракови и соодветно казнување на оние кои ги прекршиле канадските закони.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија