ОАЕ најавија повисоки плати за 5% во 2016

Иако падот на цените на нафтата може да се почувствува во Обединетите Арапски Емирати, очекувањата се дека платите во овие држави во наредната година ќе имаат просечен раст од 5%.

ОАЕ неодамна ги отстрани субвенциите за нафта, поради што цените на бензинските пумпи скокнаа преку ноќ. Поради загриженоста дека ова може да им наштети на државните финансии, се размислуваше за предлогот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за воведување данок на додадена вредност на производите за широка потрошувачка.

„Јасно е дека влијанието на пониските цени на нафтата може да се почувствува во целиот регион, па поради тоа се размислува за воведување на некоја форма на оданочување“, изјави Еон Хјуит.

Сепак, добрата вест е тоа што се предвидува работодавците да ги зголемат платите во просек за 5% во текот на наредната година, што би било како утеха за вработените, а тоа укажува дека сe уште постои оптимизам на пазарот.

Од регионот, Кувајт бележи најголем раст на платите во висина од 5,2%. На второ место е Саудиска Арабија со зголемување на платите за 5,1%. Потоа следат Катар и Оман со висина од 5%, додека пак работниците во Бахреин, најверојатно ќе ја примаат најниската плата во регионот, со зголемување од 4,7%.