Македонските бебиситерки повторно ќе можат да работат во Британија

Откако од пред неколку години Велика Британија ја укина можноста Македонките да можат да се вработат како бебиситерки, Македонија повторно се најде на британската листа за au pair работници.

Au pair програмата важи за девојки кои не се во брак и немаат деца, а се на возраст од 17 до 27 години. Како наведени услови се одбраните кандидатки да се грижат за децата, да помагаат во домашните обврски на семејството, а покрај тоа тие треба два пати неделно да посетуваат курс по англиски јазик.

Според последните истражувања, бебиситерките во Велика Британија се меѓу најплатените во Европа, веднаш после Швајцарија.

Од земјите од регионот покрај Македонија, се најдоа и Босна и Херцеговина, Бугарија и Хрватска. Кандидатите од балканските земји потребно е да добијат и дозвола за влез во земјата која ја издава Британската амбасада или конзулат. Кандидатите потпишуваат и договор кој може да биде во времетраење од 2 години.

За повеќе информации кликнете на следниот линк. За да дознаете нешто повеќе за работата како au pair, прочитајте ја нашата статија „Вработување како Au Pair – чекор по чекор“ со кликање на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија