Најдоброто здравствено осигурување во Германија за вас – BARMER?

Ако здравјето за вас е важна тема, имате среќа ако живеете во Германија. Германскиот систем за здравствено осигурување влече корени од средниот век, а денес е еден од најуспешните во светот. Низ историјата, само неколкумина ја имаа оваа опција, денес здравственото осигурување во Германија е законска обврска и скоро 100% од населението на Германија е осигурено.

Кои се основните карактеристики на здравственото осигурување во Германија?

Здравственото осигурување во Германија е едно од најдобрите во светот, но не е бесплатно. Плаќате за здравствено осигурување, односно надоместокот за осигурување се одзема од вашата плата.

Колку плаќате за оваа заштита зависи од вашите приходи (ако сте вработен) и од формата на осигурување доколку сте самовработен. Со просечна плата издвојувате околу 200 -300 евра месечно за „нормално“ здравствено осигурување. Ако сте вработен процесот е едноставен, a ако сте претприемач имате малку поинакви одговорности и можности за кои ќе напишам друг пат.

Ако имате здравствено осигурување, вашиот постојан придружник е вашата здравствена картичка. Секогаш треба да ја имате со вас, тоа е ваш документ за идентификација во случај на планирана, но и непланирана посета на лекар. Можете слободно да изберете лекар и болница каде било во Германија без дополнителни трошоци.

BARMER здравственото осигурување во Германија покрива многу услуги:

Лекарски прегледи – во случај на болест, но и превентивни прегледи. Здравствено осигурување ви предлага и ги превзема трошоците на многу превентивни прегледи за лица постари од 35 години.

Превенција од карцином(рак) – бидејќи современите методи можат да ја детектираат оваа болест многу рано, дури и пред да се појави, осигурителните компании ги превземаат трошоците за превентивни прегледи за вообичаени форми на карцином. На пр. Испитување на кожата за оние над 35 години на секои две години, преглед на дебелото црево за оние над 50 години еднаш годишно. За мажи, на пример, преглед на простата еднаш годишно за секој над 45-годишна возраст. За жени рано откривање на рак на гениталиите еднаш годишно од 20-годишна возраст, рано откривање на рак на дојка од 30-годишна возраст. Доброволна мамографија на секои две години од 50 до 70 години и сл.

Вакцинација – здравственото осигурување покрива задолжителни вакцини за вас и вашите деца, но и специјални вакцини за особено ранливи лица.

Бесплатно семејно здравствено осигурување – за членови на семејството на возраст под 23 години, доколку не остваруваат месечен приход поголем од 450 евра.

Породилна надохнада – како вработено лице кое очекува бебе, имате право на финансиска поддршка шест недели пред и осум недели по породувањето. Со делот што е обврска на работодавачот, во тоа време имате приход еднаков на целата плата. Прочитајте овде што е тоа и како да аплицирате за Mutterschaftsgeld.

Ова е само дел од понудата на БАРМЕР. Доколку сте заинтересирани да се осигурате преку БАРМЕР или веќе сте осигурени кај друга каса слободно можете да не контактирате во инбокс или на маил: [email protected] и веднаш ќе ве контактира некој од нашите партнери од БАРМЕР на македонски јазик, или самите можете да потполните апликација на линкот:

Линк за апликација за здравствено осигурување БАРМЕР

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија