Абу Даби привлече над 100.000 работници преку интернет портал

Многу странци наоѓаат работа во Обединетите Арапски Емирати преку интернет портали кои постојано нудат огласи за најразлични работни места. Еден таков портал за наоѓање работа на Абу Даби е сајтот www.jobs.abudhabi.ae кој оваа година достигна рекорд кога се во прашање пријавените кандидати. Досега на овој сајт се пријавиле над 107.433 странци кои бараат работа во оваа држава.

Jobs Abu Dhabi е веб сајт кој е дел од програмата на владата на оваа држава. Од своето лансирање, овој веб-сајт за вработување ја поврзува владата на Абу Даби и работодавачите од приватниот сектор, со сите оние кои бараат работа. Досега на овој сајт се регистрирани 613.872 кандидати, 4894 работодавачи, 15.571 работни места, а бројот на посети изнесува дури 11.068.099 пати.

Д-р Ахмед ал Хашими, кој учествува во овој проект како менаџер, изјави дека овој сајт е одлична можност работодавачите да најдат работник каков што им е потребен, без разлика на тоа каде во моментот живее. Со креирање на свој профил на www.jobs.abudhabi.ae можете да го прикачите своето CV на англиски, а потоа да ги разгледате поставените огласи и да аплицирате за некој од нив.

Кога се во прашање Обединетите Арапски Емирати, постојат многу веб сајтови кои нудат лажни услуги и огласи, а многумина останале измамени при аплицирање за некое работно место. Овој сајт е одлична можност за да најдете работа во Абу Даби, а притоа да бидете сигурни дека аплицирате на безбеден сајт каде нема да бидат злоупотребени вашите лични податоци.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија