Балканец вo Германија: Си испече прасе на терасата во станот (ВИДЕО)

Ќе живее овој народ – ова е реченицата со која најдобро се опишува видеото направено на тераса од стан во Германија, на кое се гледа како човек од Балкан  пече прасе на терасата.

Корисник на Тик Ток , кој на оваа мрежа се потпишува како „KImba junior“, на својот канал објави видео на кое се гледа како во еден од станбените блокови, очигледно полуксузен, некој смислил како да испече прасиња без соседството да „не види“.

Имено, тој ставил фолија на оградата на терасата, а за да го заштити чинот на вртење на прасето од љубопитните очи, ставил чадор за да го заштити. На подот ставил две електрични скари, додека прасето  го ставил на ражен што го вртел електричен мотор.

За се да биде како во татковината, па пуштиле и популарната песна „Ти си жена мог живота“ во изведба на Мирослав Радовановиќ, познат пејач и легенда на народната музика од Србија.

Засега не е познато во кој германски град го снимил видеото и дали соседството се противи на препознатливиот мирис на печени прасиња.

Екипата на Емигрико.мк му посакува добар апетит !!!

https://www.tiktok.com/@kimba_junior/video/7044794071210003717?is_copy_url=1&is_from_webapp=v1&refer=embed&referer_url=https%3A%2F%2Fkumanovskimuabeti.mk%2F&referer_video_id=7044794071210003717

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија