Бизнис форум организиран од Македонскиот Генерален конзулат во Минхен, заедно со агенцијата “Invest North Macedonia”.
На настанот присуствуваа претставници на германски компании од повеќе области, кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија, а се презентираа можностите, условите, предностите и потенцијалот на македонската економија.
Бројките, табелите и графиконите се многу важни но само преку личен контакт, споделување визии, градење доверба и вмрежување се стигнува до одговорот “што можеме да изградиме заеднички”.
Стратешката позиција на државата, компетитивната и стручна работна сила, растечка инфраструктура се само мал дел од предностите кои беа истакнати пред присутните.
Одлична презентација, многу прашања од присутните, одговори од домаќините, коктел за неформална комуникација и македонска храна што гостите ги претвора во пријатели.
Македонскиот Конзул во Минхен, Јулиана Николова изрази благодарност до Агенцијата “Invest North Macedonia”, до нејзините колеги од конзуларниот кор Суалп Ердоган, Билјана Лучиќ, Michael Häckel, нејзиниот драг пријател, нашиот почесен конзул во Баварија, Др. Герхард Кругер, MUSIAD, Македонско – баварскиот бизнис клуб, колешките од конзулатот и пријателите од нашата заедница.




