БМВ најавува 6.000 нови работни места

Германскиот производител на автомобили БМВ, планира да отвори 6.000 нови работни места во следната година, најави претседателот на управниот одбор, Оливер Зипсе.

„Компанијата напредува во реструктуирањето, подготвува погони за е-мобилност и очекува зголемување на продажбата во 2022 година. Затоа следната година ќе ја зголемиме работната сила за пет проценти“, изјави Зипсе.

Новите работници се потребни поради големата побарувачка за нови електрични модели, објасни Зипсе.

Новите работни места во БМВ се отвораат пред се во Германија. Компанијата бара eксперти за истражување на батерии, автоматизирано возење, развој на софтверот и ИТ безбедност, како и ИТ архитекти за база на податоци и програмери за апликации. Во производството се бараат и работници за електроодржување и за управување со постројките.

БМВ моментално има околу 120.000 вработени.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија