Кога станува збор за платите во Германија, важно е да се знае разликата помеѓу терминот Brutto и Netto. Меѓутоа не грижете се, со помош на достапни алатки можете лесно да пресметате колку пари всушност ќе добиете. Овој процес е поедноставен со употребата на калкулаторот бруто во нето на оваа страница.
Секоја плата во Германија е прикажана во бруто износ. Оваа сума „на почетокот“ изгледа многу примамливо, но она што ќе го добиете е всушност нето износ што е околу 31% помал од бруто износот.
Онлајн калкулатор
Најважно е да ги пополните следните полиња во калкулаторот:
- Brutto-Arbeitslohn вашата бруто плата месечно
- (Jahres-)Freibetrag – оставете празно, освен ако немате фактор за изземање (на пр. со попреченост)
- Steuerklasse – вашата даночна класа
- Kirchensteuerpflichtig – дали плаќате црковен данок
- Krankenkasse: оставете како што е наведено автоматски
- Geburtsjahr – годината на вашето раѓање
- Потоа кликнете Bercehnen (пресметај)
© by brutto-netto-rechner.info
|
Калкулаторот не работи?? Пробајте на овој ЛИНК
Бесплатна апликација за андроид – Brutto Netto Германија
Бесплатна апликација за ЕПЛ – Brutto Netto Германија
Бруто и Нето значење
Бруто плата е износот на кој се пресметуваат пензијата, даноците и вишокот данок. Бруто платата е износот на врвот на вашата платна листа.
Нето платата се парите што на крајот ги добивате на вашата сметка. Нето плата се парите што стигнуваат до вашата банкарска сметка, односно плата „на рака“.
Статистиката покажува дека просечната месечна бруто плата во Германија во 2018 година била околу 2.950 евра. При конверзија на бруто во нето плата во Германија, таа била значително помала, поточно 33 отсто помала – и изнесувалаа 1.945 евра. Оваа сума е всушност нето платата.
Позади тие повеќе од илјада евра разлика меѓу бруто и нето износот стојат плаќањата кон државата во вид на даноци и придонеси за различни осигурувања.
Износот на данокот што се одбива месечно од платата зависи од даночната класа на работникот (1-6), што, пак, зависи од тоа дали живее во брачна заедница, дали е самохран родител, дали неговиот/нејзиниот брачен другар работи, дали заработува еден брачен другар значително повеќе, дали работи повеќе работи…
Се за даночните класи (Steuerklasse) и која класа е најдобро за вас да ја изберете можете да прочитате ТУКА
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.