Полномошно на германски јазик (за автомобил, регистрација, преминување на дете преку граница, документи и сл.)

Во оваа статија ви давам примери за германско како и македонско полномошно. Примери за пишување полномошно за регистрација на автомобил, за подигање документи, општо полномошно и слично.

Полномошно е правен документ кој овластува едно лице да дејствува во име на друго лице. Во полномошното може да се напише дека важи само за одредени цели или за ограничено време; или може да се даде безусловно.

Полномошно на германски јазик – пример

Не е секогаш можно самите да ги завршите важните лични обврски. Понекогаш немате време да направите нешто или едноставно немате можност. Токму затоа можете да напишете полномошно на туѓо име. Таквиот документ овластува доверливо лице да дејствува во име на налогодавачот. Имате можност да овластите пријател или роднина да дејствува во ваше име.

Полномошното на германски јазик можете да го пополните со кликнување ТУКА. Ова полномошно го пополнувате онлајн и можете веднаш да го испечатите. Додадете ги бараните информации на лице место, т.е. онлајн, и зачувајте го документот на вашиот компјутер.

За да го зачувате документот на компјутер, треба да отидете во горниот десен агол со глувчето и потоа ќе видите знак (стрелка надолу) – тоа е знак за преземање на документот. После тоа, можете да го испечатите документот.

Полномошното е напишано во општа форма и едноставно можете да напишете за што служи, на пример за подигање документи.

Полномошно за регистрација на автомобил во Германија

Со ова полномошно, можете да овластите друго лице да го регистрира вашиот автомобил во Zullasungstelle.

Полномошното можете да го најдете ТУКА и можете да го пополните онлајн и да го преземете на вашиот компјутер. Потоа го печатите и потпишувате. Тогаш вашето полномошно станува валидно.

Полномошно за возење автомобил во странство

Со ова полномошно, можете да овластите друго лице да го вози вашиот автомобил во странство. Ова е важно бидејќи на овој начин друго лице може да го користи вашиот автомобил без никакви проблеми не само во Германија туку и низ цела Европа.

Полномошното можете да го најдете ТУКА и да го пополните онлајн. Потоа зачувајте го на вашиот компјутер и можете да го испечатите.

Полномошно за застапување пред Arbeitsamt

Понекогаш има причини да се биде застапуван пред Arbeitsamt – исто така познат како Федерална агенција за вработување, ARGE или Jobcenter. Болеста или отсуството се такви причини што може да доведат до одлука вашите работи да се препуштат во рацете на вашиот претставник.

Овој тип на полномошно можете да го пополните и испечатите со кликнување ТУКА.

Полномошно за дете да помине граница

Подолу преземете го образецот за полномошно за преминување на малолетно дете на граница со постаро лице. Овој пример е напишан на германски и на екс ју јазици. Преземете го ова полномошно ТУКА.

Општо полномошно на македонски јазик

Преземете пример за полномошно на македонски јазик и многу лесно пополнете го и испечатете го. Преземете го ова полномошно ТУКА.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија